A leader of the Democratic Union for Integration (DUI) ,Ali Ahmeti greets to his supporters during the protest against violence during electorial campaign
Спроведувањето на договорот од Пржино, со исклучок на мали доцнења, напредува и страните сериозно пристапуваат на сите прашања кои произлегуваат од него. Затворањето на главните обврски од овој договор е предуслов за фер и демократски избори во април 2016 година, истакнал денеска лидерот на ДУИ на средбата со унгарскиот амабасадор Јожеф Бенце.

– Процесот на спроведување на структурни реформи ќе се спроведе во согласност со акцискиот план, додека политичкиот фокус треба да се врати во решавањето на поголеми бариери за нашата земја кои ќе овозможат интеграција на Македонија во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ, рекол Ахмети, се наведува во соопштението од ДУИ.

Според Ахмети, широката влада составена од трите најголеми партии во земјата треба да превземе храбри чекори со заедничка одговорност за иднината на земјата.

Во врска со експертизата на Охридскиот договор, Ахмети истакнал дека овој процес произлегува од одлуката на Владата на Република Македонија и претставува реализација на барањата наведени во извештајот за напредок на Европската Комисија. /МИА

Слични содржини