58
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Швајцарија порача дека без Албанците, Северна Македонија нема иднина.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60 отсто од гласовите на албанскиот електорат“, изјави Ахмети.
Тој ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во Македонија. Вели дека единствена алтернатива за Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.