Претседателот на ДУИ,Али Ахмети денес во Скопје се сретна со Специјалниот Претставник на ОБСЕ за Западен Балкан, Амбасадорот Герард Стоудман како и Високиот комесар за правата на Заедниците, г-ѓа Астрид Tорс.
Претседателот Ахмети изрази благодарност за конструктивниот придонес на ОБСЕ и меѓународната заедница за надминување на оваа многу тензична ситуација во Куманово.
Г-дин Ахмети побара поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања бидејќи насилството и нестабилноста не се во интерес на никого.
ОБСЕ изрази загриженост во врска со политичката криза и безбедносната ситуација во земјата како и ја истакна подготвеноста за да помогне во надминување на состојбата.
