Ахмети: Преферирам да коалицираме со СДСМ

од Nikola Popovski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на телевизиската дебата на ТВ 21, ја коментираше изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за можна размена на пратеници со ВМРО-ДПМНЕ за состав на Влада.

„И тоа не може да се случи, да си даваат пратеници…Јас ги слушам тие позајмици, тоа е пазар, но тоа не може да се случи бидејќи хегемонизмот е поразен, и на овие простори…Хегемонизмот е поразен, хегемонизмот ја уништи и Југославија“, рече Ахмети.

Запрашан со кого преферира да коалицира, ако се најде во таква ситуација, Ахмети рече дека е најдобро тоа да биде со актуелниот коалиционен партнер, без оглед на изјавите на Заев дека сака ДУИ да оди во опозиција, нагласувајќи дека нема подобар партнер и за ДУИ и за државата, но одлуката сепак ќе ја донесат граѓаните.

Слични содржини