Ахмети се сретна со кинескиот амбасадор Вен Жен Шун

од desk3
75 прегледи

 

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово денеска се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Жен Шун.

Ахмети и Вен Жен Шун, како што соопштија од ДУИ, разговараа за билатералната соработка и кинеските инвестиции за развој, особено во северозападниот дел на Македонија, како и за политичката криза во земјава.

ali_ahmeti_njeriu_i_lartesive_3

Ахмети го запозна кинескиот амбасадор за чекорите кои ДУИ ги презема за решавање на кризата и уште еднаш ја поздрави одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата на ДУИ, со која се овозможува итно враќање на работата на Собранието.

Ахмети и Вен Жен Шун разговараа и за развојните проекти фокусирајќи се на изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга, како и за интересот за градба и на патот Гостивар – Кичево со што ќе се комплетира автопатот „Мајка Тереза”, како дел од Коридорот 8.

Ахмети им се заблагодари на кинеските компании за дадената помош за време на поплавите во Тетово и ја поздрави подготвеноста на Кина за изградба на основно училиште во оваа општина, се вели во соопштението од ДУИ./МИА