Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска остварил средба со претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами.
Тој на својот Фејсбук профил објавил дека за време на конструктивната средба, се согласиле да ги продолжат нивните напори за евроатлантскиот пат на земјата, како и долгоочекуваните реформи кон владеењето на правото преку развивање на отворен и континуиран дијалог.
„Во наредните денови се надевам дека сепак ќе остварам работни состаноци со лидерите на албанските опозициски партии во интерес на граѓаните на нашата земја. Со Касами ја оценивме реализацијата на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ги поздравуваме афирмативните оценки на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ / ОДИХР“, стои во објавата на претседателот на ДУИ.
Претходно Алијанса – Алтернатива одбија средба со Ахмети откако ДУИ побара поддршка за премиер – албанец. Средбата со Касами доаѓа откако вчера ДУИ ја промовираше албанската платформа кој исто така ја одбија Села и Гаши.