По повод 14-годишнината од основањето на ДУИ, првиот интегративец Али Ахмети упати честитка до сите соработници, членови, симпатизери, колеги, како и на сите граѓани. Во писмото се наведува:
„Во досегашните 14 години активност, Демократската унија за интеграција се отелотвори со граѓаните и секогаш остана заедно предводејќи ги успешно во справувањето со многу предизвици со кои се соочивме, и успеавме да постигнеме и уште многу напредок во сите сфери на општествениот живот. Нашата 14-годишнина доаѓа во многу тешки околности за да не потсети дека ни останува уште многу работа пред нас која повторно ќе ја оствариме заедно, затоа го повикувам секој член и соработник да работи со голема посветеност кон остварување на нашите национални цели, интегративни цели како и кон реализација на нашите програмски определби во корист на граѓаните, исто така, ги уверувам поддржувачите и граѓаните дека ние никогаш нема да отстапиме од овие определби составени заедно. Во текот на овие години, Демократската унија за интеграција има инсталирано афирмативни вредности кои се оценуваат од страна на граѓаните, вклучувајќи го промовирањето на непосредна демократија, избегнување на навредите, но и реваншизмот против политичките противници. Исто така, ДУИ има промовирано државотворни вредности и покрај разликите кои се присутни кај нашите сограѓани кои се уште не го гледаат консензуалниот процес како неизбежен, но и користен за земјата.
Се ангажиравме за подигнување на квалитетот на образованието, отворање на универзитети, основни и средни училишта, унапредување на локалната власт и ја приближивме власта со граѓанинот, продолживме со промовирање на дијалогот, компромис и разбирање, градивме конструктивен. Соработката, взаемната поддршка, неспоредливата мобилизација и посветеноста кон заедницата се карактеристиките кои ги одбележаа активностите на нашите членови во сите организациони структури и овој дух на заедништвото и солидарноста ќе продолжи да ја карактеризира ДУИ, бидејќи таква ја сакаат албанците, обединети и посветени едни за други и едни со други во служба на своите граѓани и државата. Заедно и со посветеност ќе го продолжиме ова патување, мисијата и нашиот идеал за заедничко добро непрестанувајќи ниту еден момент во нашите напори за да ги реализираме заеднички цели“-стои во честитката
