Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово, оствари работен состанок со новиот амбасадор на Холандија во Северна Македонија, Дирк Јан Коп. За време на средбата Ахмеми се заблагодари за поддршката што неговата земја ја дава на нашата држава, како и дека блиската соработка ќе продолжи и во иднина.

Во врска со одлуката на Советот на Европската Унија кон средината на овој месец, Ахмети рече дека очекува Северна Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за започнување на преговори за членство во ЕУ. Тој исто така кажа дека ДУИ останува посветена на постигнување функционална, неселективна правда, пре спроведување на ветинг.