Ахмети во Брисел се сретна со Лероа

од desk3
129 прегледи

1433933740-FullSizeRender
Во пресрет денешната средба на политичките лидери од Македонија со еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел, претседателот на ДУИ Али Ахмети се сретна со Ален Лероа, генералниот секретар на Службата за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија.

Целта на средбата, како шти соопшти ДИУ, била да се надмине политичката криза во Македонија.

Ахмети истакнал дека ДУИ сака да придонесе за решение за тешката политичка ситуација во земјата и се надева дека сите лидери ќе го почитуваат договорот од 2 јуни, и се обврзуваат за успешно спроведување.