381
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето гостување на „Клик плус“ имаше свој коментар за легализација на марихуаната, најпрво во Скопје и во Охрид.
Ахмети посочи дека за ова прашање треба да се прашаат и професионални институции и стручни комисии кои ќе донесат проценка.
„Ова е прашање што треба да се погледне, во пишана форма и со анализа, без да се види документ со анализа, и во пишана форма, јас не можам да се произнесам“, вели Ахмети кои рече дека легализација на марихуана го немало во програмата на ДУИ.
„Доколку дојде во Влада, треба да се видат причините, дали ќе има бенефит, дали ги загрозува државните интереси, затоа реков да видиме што ќе кажат експертите“, рече Ахмети.