Четботот со вештачка интелигенција Grok, во сопственост на милијардерот Илон Маск, вели дека тој е попаметен од Ленопрадо Да Винчи. Во серија неодамна избришани објави, четботот тврдеше дека Маск е во подобра физичка форма од кошаркарот Леброн Џејмс и попаметен од историски личности, вклучувајќи ги Леонардо да Винчи и Исак Њутн.
Како што објави Гардијан, во објавите, кои подоцна беа отстранети, Grok рече дека Маск одржува исклучителна физичка и ментална кондиција, управувајќи со Tesla, SpaceX и Neuralink, дека е посмешен од комичарот Џери Сејнфелд и дека „ќе воскресне од мртвите побрзо од Исус Христос“.
Маск одговори на објавите, велејќи дека Грок бил „манипулиран од охрабрувањето на неговите противници да дава апсурдно позитивни тврдења“ за него.