Пазарот за летачки такси може да го надмине оној на автономните автомобили, судејќи по успешните експерименти со слични машини што веќе ги вршат компании како „Airbus“.
Во ноември минатата година „Airbus“ соопшти дека подготвува тест на летачкото превозно средство „Vahana“, а оваа недела стана јасно дека тестовите поминале. Експерименталното летачко такси има големина од 6.2 x 5.7 x 2.8 м. и тежи 745 кг.
Во моментот станува збор за полетување и краткотрајно престојување во воздухот на ниска височина – поточно, 53 секунди на височина од 5 метри. Превозното средство се кренало од земја и слетало независно, без надворешна контрола. Успешните тестови биле изведени два последователни дена.
Проектниот тим на „Vahana“ продолжува со работа и наскоро ќе спроведе нови тестови. Нов партнер е привлечен во лицето на „Magicall“, кој е специјализиран за различни компоненти и уреди, мотори, генератори, индуктори и многу повеќе.
Се претпоставува дека следните прототипови или сериски модели на беспилотното такси „Vahana“ ќе користат компоненти токму од „Magicall“. Сè уште сепак не е јасно кога летачките машини ќе влезат во комерцијална употреба.