Ајкула видена во близина на плажа во Дубровник (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Во морето кај плажата Копакабана во Дубровник вчера се појавила ајкула, пренесуваат тамошните медиуми.

Порталот што ја објави снимката од морето од кое се гледа перка, наведува дека тоа е веројатно мала сина ајкула, вид што ретко ги напаѓа луѓето.

Полицијата пристигнала на плажата и ги повикала сите да излезат од морето.