Ајкули позитивни на кокаин: Научниците објавија шокантни откритија од бреговите на Бразил

од Илинка Илиоска
63 прегледи

Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин, а научниците стравуваат дека тоа ќе го промени нивното однесување.

Морските биолози тестирале 13 ајкули од водите блиску до Рио де Жанеиро и откриле дека имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црните дробови, пишува британски Телеграф.

Откриени се концентрации на кокаин и до 100 пати поголеми од оние кои претходно се откриени кај други морски животни. Научниците ваквите откритија ги опишуваат како загрижувачки за морскиот екосистем.

Во Science of the Total Environment се наведува дека дрогата во ајкулите веројатно доаѓа од одводот на нелегалните лаборатории во кои се произведува кокаин или од канализациите, односно урината и изметот на корисниците на дрогата. Тимот научници наведува дека е можно и ајкулите да се хранеле со пакети кокаин кои криумчарите ги изгубиле или исфрлиле во морето, но според нив тоа е помалку веројатно.

„Резултатите покажуваат хронична изложеност на кокаин поради луѓето кои користат кокаин во Рио де Жанеиро и поради испуштањето на човечка урина и фекалии преку канализацијата, како и од нелегалните лаборатории“ изјави Рејчел ен Хаузер-Дејвис, британска научничка и член на истражувачкиот тим.

Таа наведува дека покрај брегот на Бразил обично нема многу исфрлени пакети кокаин, за разлика од Мексико и Флорида, што значи дека мала е веројатноста кокаинот во организмот на ајкулите да бил внесен на тој начин.

Истакнува дека кокаинот е штетен по здравјето на животните и дека се уште не се знае како дрогата ќе влијае врз нивното однесување, односно дали ќе ги прави агресивни и непредвидливи.

„Тоа може да биде случај, бидејќи кокаин цели кон мозокот. Потребни се понатамошни истражувања“ предупредуваат научниците.

Слични содржини