Акција „без панталони“ во подземната железница во Виена

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Повеќе од 100 луѓе ги соблекоа панталоните и се возеа облечени само во долна облека во подземната железница во главниот град на Австрија.

download (9)

Учесниците се собраа попладнево облечени, а во станицата Карлсплац ги соблекоа панаталоните и тргнаа на возење со метро по долна облека.

Акцијата, која е спроведена во 25 градови, ја почна во 2002 година перформанс група “Improv Everywhere” во Њујорк.

download (10)

Секоја година, секоја втора недела во годината, се повикуваат граѓани да ја користат подземната железница без панталони.