305
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе побара од инвеститорите повторно да одобрат исплата на бонус од 56 милијарди долари на извршниот директор Елон Маск, откако пред неколку месеци судот во сојузната држава Делавер ја укина одлуката за негово плаќање.
Како што пренесува „Блумберг“, акционерите ќе гласаат и за преместување, односно пререгистрација на компанијата Tesla од Делавер во Тексас.
Годишното собрание на акционерите на Tesla ќе се одржи на 13 јуни.