Дефанзивецот Нејтан Аке нема да се пресели во Челси и следната сезона ќе остане во Манчестер Сити, пренесе The Athletic.
Лондончани покажаа силен интерес да го вратат холандскиот репрезентативец, кој беше дел од клубот во периодот од 2011 до 2017 година, но на крајот нема да се постигне договор со англискиот шампион.
Причината е што „сините“ не ги задоволија барањата на „граѓаните“ кои за својот дефанзивец бараа 50 милиони фунти.
И Аке и Сити се задоволни што фудбалерот ќе продолжи да го носи дресот на тимот.
Во меѓувреме, Челси се префокусира и веќе започна разговори со Преснел Кимпембе од Пари Сен Жермен, откако го обезбеди потписот на Калиду Кулибали од Наполи.