Аки Рахимовски доби ќерка на 65 години

750 прегледи

Фронтменот на Парни Вајљак доби ќерка во врската со таинствената 37-годишна Словенка, Барбара Васел, а ѝ дале име Антонија, пренесува RTL. Девојчето е родено пред три месеци, а веста ја потврдила мајката на Барбара.

Парот својата врска ја чуваше далеку од очите на јавноста, а повеќето од времето го поминуваат заедно во Словенија.

За приватниот живот на Аки се знае многу малку. Два пати се женел, а од првиот врак има син Кристијан, исто така музичар. Вториот брак, со таинствената Индгрид, траеше четириесет години, па до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Заедно ја имаат ќерката Дина.

Со Ингрид скоро никогаш не се појавил во јавност, па малку кој знае како и изгледа.

Слични содржини