100
Министерката за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека ако Германија ја затвори границата поради големиот прилив на мигранти, тоа ќе го стори и Хрватска,
-„Унгарија многу ќе помогне ако повторно ги отвори границите и дозволи проток на мигрантите, бидејќи тоа би било добро и ефикасно“-изјави Пусиќ во дневникот на Нова ТВ.
Според неа додека Германија прима луѓе, тоа е можно да се случи. Но, ако Германија ја затвори границата и Хрватска ќе ја затвори, тоа е како домино ефект, рече Пусиќ.
Таа додаде дека целата политика е да остане што помал број на луѓе во Хрватска. Би можеле да издржиме до 5000 луѓе, повеќе не, изјави вечерва министерката.