Ако Македонија ја изгуби препораката виновен ќе биде лично Груевски!

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 „Нема да помине никакво оправдување на Никола Груевски, за црното сценарио што и го приредува на Македонија“, реагираат од СДСМ.   sdsm1

„Ако Македонија ја изгуби препораката за преговори, слушна Груевски и од најповиканите, виновен ќе биде лично тој.

Курири и филмови веќе не помагаат.

Материјалите од Вистината за Македонија покажаа кој се пазари за името со Грци, лично Сашо Мијалков, лично првиот братучед на Груевски.

Граѓаните разбраа и за договорите за амнестии, јазик , знаме, лично наложени од Груевски.

Овој човек сега се обидува да креира меѓуетнички тензии и да ја загрози иднината на државата само затоа што се плаши од министер за внатрешни работи со полни ингеренции, како што стои во Договорот од 2 јуни / 15 јули“, стои во соопштението на СДСМ.