Ако не престане да чади, Шилегов ќе ја затвори Гинекологија Чаир

од desk2
93 прегледи

Гинекологија Чаир Специјалната болница за гинекологија Чаир доби рок од 30 дена да го смени начинот на затоплување, а во спротивно ќе биде затворена.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска информираше дека градските инспектори за животна средина направиле контрола во установата откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои што се гледа како од оџаците на болницата излегува црн густ чад. Болницата се затоплува на мазут, енергенс кој екстремно го загадува воздухот.