„АКО НЕ СЕ ОДНЕСУВАМ КАКО ВОЈНИК, ПАК ЌЕ МЕ ПРАТАТ ВО БОЛНИЦА“: Бритни се огласи за разводот, а потоа сподели ВИДЕО со јасна порака

од Radmila Tasevska

Во средата, на 16 август, Бритни Спирс и Сем Асгари објавија дека се разведуваат по 14 месеци брак. По долга судска битка со нејзиниот татко и луѓето кои го контролираа нејзиниот приватен и професионален живот, пејачката веруваше дека запловила во мирните води на животот. Ден по објавувањето на разводот се шпекулираше за уценетиот Асгари кој наводно барал пари од пејачката и за измамата, сега Бритни за прв пат се огласи за развод.

„Како што сите знаат, Сем и јас повеќе не сме заедно. По шест години сум малку шокирана. Немам намера да ги објаснувам причините, тоа не е ничија работа. Но, не можам повеќе да ја поднесам болката да бидам искрена имав толку многу пораки од моите пријатели кои ми го стоплија срцето и ви благодарам. Долго време се обидувам да бидам силна. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морам да ги кријам моите слабости“, напиша Бритни и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

„Да не бев храбриот војник на татко ми, ќе бев испратена на места да ме поправаат лекари. Но, тогаш моето семејство беше она што ми требаше најмногу. Треба да те сакаат безусловно, не со услови. Така ќе бидам силна и ќе дадам се од себе. Всушност, јас сум многу добро. Како и да е, на сите ви посакувам убав ден и не заборавајте да се насмеете“, напиша Бритни Спирс на Инстаграм видеото на кое танцува во топ и неонски зелени гаќички.

Слични содржини