Во странство очигледно сметаат дека секој Германец има часовник со кукавица или барем џуџе во градината, дека во слободно време прави прошетки и пие пиво. Но клишетата се едно, а реалноста – сосема поинаква.
Мнозинството Германци се заљубени во автомобилите кои ги возат, се сметаат себеси за точни и одговорни и имаат секс во мисионерска поза. Повеќе од половина Германци не го менуваат работодавецот најмалку шест години, а десет проценти се спријателиле со газдата на Фејсбук.
До вакву резултати стигна анкетата на Келнскиот институт YouGov. Социолозите анкетирале околу 1 000 германски државјани за нивните ставови, начинот на размислување и однесување. Првата вест е дека 82 проценти од Германците менуваат долното долна облека секојдневно. 96 проценти од Германците се тушираат барем еднаш на секои три дена.
Германците и народните веселби
Баварската носија и кожените панталони се составен дел од минхенскиот празник на пивото / Октоберфест /. Токму во странство Германците се познати по нивните народни веселби. Неверојатно е дека, сепак, малкумина Германци сакаат да одат на слични празнувања.
Повеќето од нив сакаат да слават во тесен семеен или пријателски круг. Секој четврти Германец признава дека му се случило барем еднаш да се напие до безсвест, па воопшто да не знае како стигнал до дома. А на секој дваесеттиот му се случило да се разбуди до жена, одн. маж,на чие име не може да се сети.
Ако треба да избираат меѓу виното и пивото, 57 проценти од Германците посегнуваат кон виното. “Не би рекол дека Германија е типична земја на виното, но тоа сепак е префериран алкохолно “, вели Холгер Гајслер кој ја објавува книгата “Кои се Германците”.
Колбас или стек- Германецот не може без месо

Само шест проценти од Германците се вегетаријанци. Уделот на Веганите е уште помал – само две проценти. Затоа пак 81 проценти консумираат месо. Има и регионални разлики во кулинарските традиции. Во северна Германија преферираат солените јадења, а во Јужна – повеќе слатки. Најголемите сладокусници ги населуваат централните делови на Германија.
Стравот исто така игра улога во животот на Германците. Тие сепак не се плашат толку од војни и големи несреќи, колку од лични несреќи. Речиси една четвртина од Германците стравуваат од можни несреќни случаи во семејството, 65 проценти им е страв од неизлечиви болести, а 42 проценти се плашат од смртта. 60 проценти од Германците се плашат од тешка транспортна несреќа.
Германецот НЕ запира на секој црвен семафор
Клишетата за германската дисциплина се глупост. 71 проценти од пешаците би преминале на црвен семафор. Секој петти на велосипедист исто поминува на црвено. Сепак 14 проценти од германските Возачи поскоро би возеле по заобиколница, отколку да поминат на црвено светло. Тука клишето сепак се испоставува вистина. Германците се слават како дисциплинирана нација која сака точноста и ред. Само што 39 проценти од испитаниците барем еднаш патувале без билет во градскиот транспорт.
Омилено домашно животно на Германците е мачката, а не кучето. Според анкетите, 28 проценти од Германците имаат мачка, а 23 отсто – куче. Мачките се најпосакувани и поради други размислувања – за нив не се плаќа данок, како за кучињата. Над 50% од испитаниците признаваат дека понекогаш тајно слушаат германски шлагер или гледаат шоу-програми, за кои не би си признале пред своите пријатели – на пример телевизиски емисии од видот на ВИП Брадер и Џие.


