Многу луѓе сонуваат да имаат брдо пари со кои би можеле да си дозволат разни работи, од долги патувања до купување скапи автомобили. Ако веќе немате доволно пари, а сакате да ги убедите луѓето дека имате, тогаш време е да купите автомобил од една од десетте „престижни“ марки.
Британскиот портал Autotrader спроведе истражување на 1.300 возачи кои откриле кои марки на автомобили изгледаат како да имаат статусен ефект, односно чии сопственици ги сметаат за богати.
На прво место се моделите на BMW, за кои 16 отсто од возачите сметаат дека се статусни симболи. По баварската марка следат Audi, Ford и Mercedes, пренесе Jutarnji.
Интересно, меѓу 10-те марки се „стиснале“ подостапни брендови како Nissan и Opel, пишува британски Mirror.
Автомобилски брендови за кои луѓето мислат дека ги возат богати луѓе:
1. BMW – 16%
2. Audi – 15%
3. Ford – 14%
4. Mercedes – 12%
5. Toyota – 8%
5. Volvo – 8%
7. Nissan 7%
7. Opel (Vauxhall) 7%
7. Volkswagen – 7%
10. Land Rover – 6%