Ако сум имала непријавен имот ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ и онака имотот им е одземен со судска наредба, кажа Петровска

од Destan Jonuzi
112 прегледи

Mинистерката за одбрана, Славјанка Петровска вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека во Министерството за одбрана нема да толерира обиди за корупција, за обвинувањата на опозицијата дека војници давале мито за да одат во мировна мисија.

Министерката рече дека долго време е присутна таа шпекулација, која не е потврдена. Вели дека такви сознанија стигнале и до неа, но веднаш се обратила до службите, тоа се случило во март или април.

„Ќе се спротивставиме на било каков обид за корупација. Не е мое јас да проценам дали има или нема, јас имам обврска тоа да го пријавам“, рече Петровска.

Таа го праша пратеникот Драган Ковачки дали од колегите ги цепи информациите и ги користи за ситни политички поени.

Ковачки вели дека ако министерката реагирала во март, досега истрагата требала да биде завршена. Тој рече дека се работи за суми од 3.000, 5.000 евра или повеќе кои се даваат како мито. Ковачки приложи документ пред министерката и рече дека уште вечерва треба да има апсења, за серија пропусти во армијата.

„По ова треба веднаш да се постапи, да имаме апсења“, рече пратеникот.

Тој се сомнева дека воопшто има некаква истрага за случајот. Ја обвини Петровска дека манипулира. Ковачки рече дека некој прави пари со земање мито во армијата. Пратеникот кажа дека армиските војници си ја купуваат својата позиција, а со тоа се нанесува штета на армијата и на борбената готовност. Ковачки тврди дека во процесот се вклучени и политички партии. Вели дека она што го презентира е врвот на сантата мраз. Ковачки кажа дека не верува во судството, кое патем ужива 8 отсто доверба.

Слични содржини