Ако треба да избира денес, Чаби Алонсо би го претпочитал Баерн пред Ливерпул

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Чаби Алонсо од летото го бара Ливерпул да го замени Јирген Клоп, но според „Скај Германија“ самиот тренер би го избрал Баерн (Минхен) доколку сега треба да донесе одлука.

Нов тренер од новата сезона ќе им биде потребен и на Баварците бидејќи се договорија да се разделат со Томас Тухел. Претстојното заминување на Тухел е поврзано со Алонсо, бидејќи Баер (Леверкузен) предводен од Шпанецот е на пат да го симне Минхен од тронот во Бундеслигата.

Чаби Алонсо во својата фудбалска кариера играше и за Ливерпул и за Баерн. Одделно, тој помина и преку Реал Мадрид, при што овие три клуба претходно беа поврзувани како можни дестинации за него како тренер.

Според „Кикер“, за клупата на Минхен се разгледуваат и Зинедин Зидан (слободен агент), Себастијан Хенес (Штутгарт) и Унаи Емери (Астон Вила).

Слични содржини