Ако вработените лошо работат, можеби е до вас: Совети за менаџерите во новиот деловен свет

од Берта Китинска
185 прегледи

Експертите велат дека нашата стабилност зависи од контролата над нашите денови, како и чувството на припадност, цел и раст, во која било смисла. Многу луѓе овие денови велат дека „удриле во ѕид со пандемијата“.

 

И тие најмногу зборуваат за работата. Нови предизвици, утврдена рутина на работа од дома, натрупани обврски.

 

Како можете да им помогнете како шеф? Благосостојбата на вашите работници е клучна за општото добро на компанијата.

 

Психологот Лидија Вуџат од Австралија, ги советува менаџерите во зависност од видот на проблемот со кој се соочуваат – тој и неговите вработени.

 

„Блумберг“ известува дека вознемиреноста кај американските работници е зголемена во последната недела. 16% од нив се соочуваат со ова чувство скоро секој ден, 11% поголемиот дел од времето, 27% од работниците повремено, 27% рекле дека немаат такво чувство, а 19% не се изјасниле.

 

Кога се „среќаваат“ такви чувства, вработените може да немаат енергија и продуктивност, да се чувствуваат помалку вредно и демотивирано, да бидат нервозни и загрижени, дури и лути / фрустрирани, вели Вуџат.

 

Проблем 1: Првите месеци на пандемија ни го одзедоа темпото на деловно работење, додека размислувавме колку сме немоќни против смртоносниот вирус. Една година подоцна, ние „се занимаваме“ со здодевното повторување.

 

Решение: Оставете вработените да донесат што е можно повеќе одлуки. Објаснете им ја целта и задачата, но немојте да им кажувате како да го сторат тоа, дајте им моќ, да ја почувствуваат целта на својата работа. Премногу автономија може да ги наруши односите.

 

Проблем 2: Кога се изолирани, работниците потешко проценуваат што е „нормално“ и што се очекува од нив. Некои граници во бизнисот станаа помалку видливи уште од пандемијата.

 

Решение: Бидете позитивни во разговорот, луѓето се желни за поддршка и ќе ви бидат благодарни ако им помогнете. Запрете ги „среќните часови“ на Зум и покажете им на вработените дека го цените нивното слободно време – оставете ги да го поминат како што сакаат.

 

Проблем 3: Многу работници даваат се од себе, се чувствуваат среќни што воопшто имаат работа. Но има и такви кои не се задоволни со тоа, ниту со „грстот долари“ што го заработуваат, велат некои експерти.

 

Решение: Докажете им на вработените дека другите ја ценат нивната работа, на пример, преку воведување на препораки за клиенти. Некои позиции немаат посебна „цел“ и затоа на таквите вработени треба да им се верува и да им се заблагодаруваме.

 

Проблем 4: Ако работниците не растат професионално, нивната мотивација и ангажман се намалуваат.

 

Решение: Побарајте од вработените да постават тримесечни цели за учење и да разговараат со вас за тоа како да ги исполните. Може да значи и добивање на онлајн сертификат или диплома, покрај знаење.

Слични содржини