Актер обвинет за канибализам и силување избегна затвор

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Актерот Арми Хамер е пријавен од неколку жени за сексуална злоупотреба и испраќање несоодветни пораки во кои покажува склоност кон канибализам.

Набрзо стана познат како „актерот канибал“ и сите врати во Холивуд му беа затворени.

Веднаш по обвинувањата, Хамер беше исфрлен од речиси сите филмски проекти, што резултираше со негов банкрот. Се зборуваше дека актерот немал избор, и дека морал да работи како продавач на Кајманските острови.

Од тогаш веќе поминаа три години.

Сепак, тој сега е на слобода и нема да биде гонет за второто обвинение за силување во 2017 година.

Окружното обвинителство во Лос Анџелес одлучи да не покренува обвинение против него, по долгогодишно истражување дали тој навистина го извршил силувањето.

Да потсетиме, актерот се ожени со колешката Елизабер Чембер во 2010 година и добија две деца. Сепак, разводот следеше во јули 2020 година.

Шест месеци потоа, против него се појавија шокантни обвинувања, најпрво на профил на Инстаграм. Во март 2021 година, Ефросина Ангелова јавно се огласи и го обвини актерот дека брутално ја силувал четири часа во хотел во Лос Анџелес во април 2017 година.

По неа со слични обвинувања се јавија и многу други жени, а актерот рече дека сцените што ги опиша Ангелова се нешто што тие двајцата „заедно го испланирале“.

Слични содржини