Многу холивудски актери кои подоцна стануваат познати во детството и раната младост имаат проблематичен живот и се соочуваат со зависност од дрога и алкохол.
Еден од нив е Едвард Фурлонг, ѕвездата на култниот филм „Терминатор 2“, кој е забележан по долго време, додека излегувал од својот стан во Лос Анџелес.
Тој бил придружуван од актерка од популарната серија „Dawson’s Creek“ и неговата поранешна девојка Моника Кина, која ја поминала ноќта во станот на Фурлонг.
Моника пред повеќе од десет години побарала од судот забрана за приближување, но се чини дека парот се смирил по низа турбулентни години.
@T3hL1ttle3ngine She use to be cute AF.
Edward Furlong, 45, appears to reunite with his Dawson's Creek actress ex Monica Keena https://t.co/t8BAvd8cOB pic.twitter.com/fPmVe8Wpkj— DosXXMaquina (@DuosEquis) April 6, 2023
Во интервју за списанието „People“ во 2012 година, Едвард изјавил: „Бев зависник од хероин и кокаин. Беше навистина страшно. Веќе не ни размислувам за забава. Тоа ми изгледа некако осамено, да излегувам во клубови и да се дрогирам. Имам кошмари поради дрогата“.
View this post on Instagram
Тој за прв пат посетил клиника за одвикнување во 2000 година, а една година подоцна, на 23-годишна возраст, бил хоспитализиран поради сомневање за предозирање со дрога додека градел репутација на успешен холивудски актер. Следеа години на срамни апсења, вклучително и еден бизарен инцидент кога тој се обидел да ослободи јастози од излог на продавница за морски плодови.
Потсетуваме, Едвард во „Терминатор 2“ го играше момчето Џон Конор, лик со кој денес е тешко да се поврзе.