Актерка е исфрлена од серијата „The Mandalorian“ поради политички објави

од Nikola Popovski
180 прегледи

Американската актерка Џина Карано повеќе нема да глуми во серијата на Дизни „The Mandalorian“, откако предизвика огромен гнев во јавноста поради нејзиниот политички статус, што го објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, контроверзната актерка се најде на мета на јавноста, откако ја спореди денешната политичка поделба во САД, со настаните во нацистичка Германија.

„Евреите беа тепани на улиците, не од нацистите, туку од нивните соседи – дури и децата. Како што налага историјата, повеќето луѓе денес не сфаќаат дека владата, откако стигнала до точка каде што нацистичките војници можеле лесно да соберат илјадници Евреи, прво ги мразела затоа што биле Евреи. Како се разликува тоа од омразата кон некого заради неговите политички ставови “, беше напишано во објавата што ја споделила, која подоцна беше избришана.

Меѓу објавите поради кои јавноста ја нападната, е онаа во која таа тврди дека Џефри Епштајн не се самоубил, пренесува „Њујорк пост“. Инаку, Џефри Едвард Епштајн беше американски финансиер и продуцент, осуден на затворска казна за сексуално злоставување. Тој се самоуби на 10.08.2019 година во затворот каде ја издржуваше казната.

Поради целата ситуација, која крена вистинска „прашина“ во јавноста, продукцијата на „Лукасфилм“ издаде јавно соопштение во кое наведува дека Карано во моментов не е вработена кај нив, но и дека не планираат да ја ангажираат понатаму.

„Сепак, нејзините објави на социјалните мрежи кои ги оцрнуваат луѓето врз основа на нивниот културен и религиозен идентитет се ужасни и неприфатливи“, се вели во соопштението.

Џина во последните две сезони го играше ликот на царицата Дина во седум епизоди од популарната серија „Мандалоријан“.