Познатата холивудска актерка Хали Бери го шокираше светот со своите обвиненија против поранешното момче, со кое била во врска пет години.
Имено, актерката го обвинила Габриел Аубри за злоставување и инцест, а тврди дека бил склон кон расистички испади и иако целата приказна се одвивала пред скоро една деценија, јавноста дури сега ги дозна деталите.
Врската меѓу актерката и канадскиот модел започнала во 2005 година, кога се запонале на снимање на една рекламна кампања. Набргу пламнала љубовта меѓу нив, а од неа се родила нивната ќерка Нала. Сепак, иако нивниот свет изгледал идиличен, парот го објавил нивното раскинување во 2010 година, а во 2011 година започнала нивната судска битка.
Габриел и Хали имале спор околу старателството врз Нала, а особено било проблематично тоа што актерката заедно со ќерка си сакала да се пресели во Франција, каде живеел нејзиниот љубовник Оливер Мартинез. Судот застанал на страната на Габриел и го одбил барањето на Хали за преселба, а само две недели подоцна Габриел и Оливер завршиле во болница поради тешките повреди кои си ги нанеле еден на друг.
Фотографиите од повредите завршиле во медиумите, па сите го виделе распарченото лице на Габриел, а последиците од тоа биле забрана за пристап на Габриел со Оливер и обратно.
Сагата продолжила, а јавноста, по „протекувањето“ на документите, дознала дека Хали го обвинила Габриел за малтретирање. Имено, моделот постојано ја критикувал и и велел дека е неугледна, што лошо влијаело врз самодовербата на актерката. Освен тоа, таа пред судот изјавила дека нејзиниот поранешен има ментални проблеми и дека пати од депресија и анксиозност. Наводно, причината за нивниот прекин било токму неговото одбивање да посети психотерапевт и да добие помош.
„По првите шест месеци од нашата врска, нашиот сексуален живот едноставно исчезна, а после првата година водевме љубов помалку од три пати во годината“, изјавила за судот Хали Бери.
Најшокантното сведочење, било она на Хали во кое рекла дека Габриел во младоста имал инцестна врска со еден член од својата фамилија, поради што имал тешки психички и емоционални трауми. Таа го обвинила и за расизам и нагласила дека не сакал да признае дека нивната ќерка Нала има афроамерикански корени.
На крајот, парот се договорил дури во 2012 година, а истата година актерката објавила дека се верила со Мартинез. Една година подоцна го родила своето второ дете, а по две години брак и на таа љубов и дојде крај.