411
Познатиот актер Џејми Фокс беше хоспитализиран пред повеќе од две недели по компликации со неговата здравствена состојба.
„Џејми Фокс со недели е во болница“, изјави извор за „Радар онлајн“.
Извор близок до актерот опишал како Фокс некое време не реагирала на ниту еден стимул, а лекарите во еден момент морале да го реанимираат.
Откако помина неколку недели во болница и се бореше за живот, Џејми Фокс одлучи да се огласи и да им се заблагодари на сите фанови за поддршката што му ја даваа овие изминати денови.
Познатиот актер се огласи на социјалните мрежи каде им се обрати на своите следбеници:
„Ја ценам сета љубов! Се чувствувам благословено“, напиша накратко во објавата на својот Инстаграм профил.