Актерот Горан Богдан (40) на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во розев фустан со подигнат среден прст.
Со оваа објава на социјалните мрежи, Богдан испрати сериозна порака и им даде поддршка на жените кои биле силувани, меѓу кои и некои негови колешки.
– Не побарав… што не е јасно – напиша актерот во објавата и додаде хаштагови како #nedamtesestro #dostajebilo #nopasaran.
Порака за поддршка за српската актерка Даниела Штајнфелд (37) испрати и Јелена Веjача (39).
– Вака изгледа вистинска хероина. Благодарам – напиша Веjача покрај фотографија од Даниела.