261
Актерот Хјустон Тамлин, најпознат по улогата во комедијата „Рики Боби: Легендата на брзината“, се самоуби на 28-годишна возраст.
Во познатиот филм со Вил Ферел, тој го играше Вокер Боби, десетгодишниот син на главниот актер. Тој беше дел од ѕвездениот тим и глумеше со некои од најпознатите актери во моментот.
Неговата девојка ги потврди наводите за смрт, а станува збор за самоубиство. Наводно, со пиштол се застрелал во главата.
– Ќе ми недостига твоето големо срце, внимателен дух и заразно смеење. Те сакам многу и ти благодарам што толку страсно и непрестано ме сакаше за времето поминато заедно – напишала девојката во објавата.