Актерот искрено: Немав односи пола година пред да ја запознаам неа

411 прегледи

Актерот Орландо Блум неодамна дозна дека ќе добие дете со пејачката Кејти Пери, а сега откри и детали од својот сексуален живот.

Во интервју за Sunday Times актерот изненади со признанието дека немал никакви сексуални задоволство додека не ја запознал Кејти.

Тој рекол дека целибатот му го предложил сурферот Лаирд Хамилтон, откако му се пожалил дека не е задоволен со својот живот.

„Доколку сакаш да бидеш во сериозна врска, започни да се тргаш со сексот на неколку месеци“, му рекол Хамилтон.

Блум открил дека по одлуката да биде во целибат, многу работи се смениле. Повеќе не размислувал за тоа кога ќе запознае некого кога одел на забави. Прознал дека претходно не бил во состојба да оствари женски пријателства бидејќи се завршувало со секс. Додал дека со целибатот станал подобра личности и дека се чувствувал подобро во однос кон жените.

Покрај тоа, тој рекол дека такво нешто не би повторил.

„Беше лудо. Тоа не е здраво и на никого не би му го препорачал. Долу секогаш мора да се движи“, рекол Блум во интервјуто.

Блум и Пери се запознале во 2015 година, а врската ја откриле една година подоцна. Се верија на Валентајн минатата година,а минатиот месец преку видео запис, Пери објави дека е бремена.

За Блум, тоа ќе биде второ дете. Со поранешната сопруга Миранда Кер има деветгодишен син.

Слични содржини