Актерот кој го играше познатиот доктор Престон Брук се повлекува од актерството

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Исаја Вашингтон е најпознат по улогата во серијата „Вовед во анатомија“, каде го толкуваше ликот на доктор Престон Брук.

Тој сега на својот Твитер профил објави дека донел одлука да се повлече од актерството.

„Со тешко срце го објавувам денеска моето предвремено пензионирање од забавната индустрија“, започна Вашингтон, а потоа додаде:

„Сите оние кои го следеа моето патување овде на Твитер од 2011 година знаат дека добро се борев, но изгледа дека победија луѓето полни со омраза, провокаторите и идиотите. Навистина сум благодарен за вашата поддршка низ годините“.

Да потсетиме, Вашингтон беше избркан од познатата серија поради хомофобични коментари и навреди кон колега.

Иако првично негираше дека некогаш ги употребил вулгарните зборови, подоцна рече дека тоа се случило во напад на бес, а подоцна се извини.

Слични содржини