Мајкл К. Вилијамс, кој го играше Омар Литл во телевизиската серија „Жица“, беше пронајден мртов во својот стан во Њујорк во понеделникот, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата во Њујорк изјави дека 54 -годишниот Вилијамс е пронајден мртов во стан во Бруклин, откако итните служби добиле повик.
Њујоршката полиција објави дека истрагата за причините за неговата смрт е во тек.
Медиумите пишуваат за можно предозирање, но тоа не е официјално потврдено.
Вилијамс, кој беше номиниран за три награди Еми, честопати отворено зборуваше за неговата долгогодишна борба со дрогата.