265
Познатиот американски актер Џереми Ренер, кој се здоби со тешки телесни повреди во несреќа на снег во пресрет на Новата година, им пркоси на сите лоши прогнози и продолжува да закрепнува.
Актерот (52) објави видео на социјалните мрежи кое ги запрепасти неговите следбеници, на кое се гледа како се движи на „антигравитациона лента“, високотехнолошката опрема која се користи за физикална терапија, пишува лондонскиот таблоид „Мирор“.
Џереми беше згмечен од машина за чистење снег и скрши над 30 коски во телото, поради што долго време беше во критична состојба на одделот за интензивна нега.