277
Експлозија во џамија во Шакар Дар, Авганистан, уби најмалку 12 лица, а десетици се повредени, јавија авганистанските медиуми повикувајќи се на локалните власти.
Портпаролот на полицијата изјавил дека експлозивот бил поставен во џамијата и бил активиран за време на попладневната молитва.
Џамијата во Шакар Дари се наоѓа северно од авганистанскиот главен град Кабул.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.
Нападот се случи во време кога талибанците и авганистанската влада прогласија тридневен прекин на огнот поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.