Активистката Велковска бара разрешување на директорката на „Лајка“

од Берта Китинска
298 прегледи

Драгана Велковска активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје денеска повторно побара разрешување на директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска.

-Денес, по вторпат, поднесов барање за разрешување на в.д. директорката на ЈП Лајка Скопје до Петре Шилегов. Првото барање на Шилегов не му стигна цели 4 месеци. Баш ме интересира колку време нема да му стигне второво барање.Поднесов и претставка за незаконското работење на ЈП Лајка до Агенцијата за храна и ветеринарство.Да ја видиме таа правна држава на дело!, напиша активистката Велковска на својот Фејсбук профл.

Слични содржини