Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Калошевски тврди дека го тепале во полициското комбе: „Не знаев каде се наоѓам“

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Стефан Калошевски, активистот и член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој беше приведен на денешната блокада кај ТЦ „Мавровка“, тврди дека причината зошто бил приведен е зошто фотографирал и снимал со неговиот телефон. Тврди дека полициските службеници го удриле по глава пред да го внесат во полициското возило.

Калошевски обвини дека службениците го малтретирале.

-Влегов во кола, иако прашував „Што се случува?“ „Зошто ова се случува?“. Ми се дереа, ме вреѓаа, ме удираа. Стигнавме пред станица. Прашав зошто ме удираат, еден од полицајците ми рече „Заќути“ и ме удри повторно по лицето. Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам. Ми се исуши устата, не можев ниту да зборувам, ниту да гледам, ми се вртеше, тврди Калошевски.