Активни четри пожари во Македонија

од Весна Петровска
30 прегледи

Во Македонија денеска имаше активни десет пожари, а попладново според информациите на Центарот за управување со кризи соопшти дека пожарникарите успеале да изгаснат 6 пожари, а 4 се уште се активни

Еве каде беснеат пожари низ Македонија

1. Општина Мак. Брод – Национален Парк Јасен (мешана шума)
2. Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација)
3. Општина Сарај – с. Радуша (сува трева и мешана шума)
4. Општина Кичево – с. Челопејци – с. Миокази (мешана шума)

Екипите на ЦУК успеаа да изгаснат 6 пожари во неколу општини низ Македонија:

1. Општина Струмица – с. Сарај (горел отпад)
2. Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
3. Општина Врапчиште – с. Ломница – с. Калиште (шума)
4. Општина Тетово – Тетово (ниска вегетација и ѓубре)
5. Општина Кочани – м.в. Трајаново трло (ниска вегетација)
6. Општина Ресен – с. Долно Дупени (дабова шума и ниска вегетација)

Слични содржини