Во 18:30 часот имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни се девет пожари ширум земјата
АКТИВНИ (9):
Општина Чучер-Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)
Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Дојран: с. Николиќ (нискостеблеста шума)
Општина Василево: с. Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Крива Паланка: с. Лозаново
Општина Тетово: патен правец Тетово – с. Селце (дива депонија)
Општина Делчево: м.в. Брежје (нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки)
ПОД КОНТРОЛА (4):
Општина Македонски Брод 1: с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод 2: с. Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод 3: с. Слатина (нискостеблеста мешана шума)
Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија)
ИЗГАСНАТИ (16):
Општина Шуто Оризари: с. Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: ул. „Трета Македонска Бригада“ (сува трева)
Општина Кисела Вода: ул. „Малешевска“ во нас.Драчево (сува трева)
Општина Струмица: с. Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Велес: градска депонија во Велес (ѓубре)
Општина Кавадарци: ул. „Диме Туриманџов“ (ѓубре)
Општина Делчево: м.в. Брежјето (грмушки и сува трева)
Општина Куманово: нас. Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: с. Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: с. Конопница (борова шума)
Општина Желино: с. Ларце – с. Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово: с. Џепчиште (сува трева)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Кочани: кај селата Јастебник и Полаки, м.в. Бабиште (шума и сува трева)