Акциите на Alibaba го забележаа својот најголем дневен пад од нивното котирање во ноември 2019 година, пишува CNN Business.
Акциите на компанијата паднаа за 11% и на берзата во Хонг Конг и на Волстрит по објавувањето на кварталните резултати и предупредувањето дека нема да се исполнат годишните прогнози за заработка и профит.
Продажбите во минатиот квартал се зголемија за 29 отсто на 31,1 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа приход од 32,1 милијарди долари.
Заработката по акција падна за 38% во однос на претходната година, но исто така се покажа дека е под просечните прогнози на пазарните набљудувачи.
Alibaba дури најави дека приходите за целата година ќе бидат за 20-23% повисоки од 2020 година, што е под очекувањата на аналитичарите за раст од 28 проценти.
Alibaba, како и другите големи технолошки гиганти како Tencent, Baidu и сопственикот на TikTok, ByteDance, се подложени на построги регулаторни проверки и високи казни.
Претходно оваа година, компанијата основана од Џек Ма беше казнета со рекордни 2,8 милијарди долари, откако регулаторите ја обвинија Alibaba за монополско дејствување во е-трговијата.
Хонг Конг беше првата берза на која Alibaba котираше во 2014 година. Потоа следеше долгоочекуваното ИПО во Њујорк, кое и обезбеди на компанијата 25 милијарди долари свежи ресурси.