Акциите на Netflix паднаа за 25%

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Акциите на американската компанија Netflix, која е еден од лидерите во индустријата за стриминг, паднаа за дури 25 отсто по писмото испратено до инвеститорите во кое ги информираше за големата загуба на претплатници.

Според CNN, инвеститорите биле разочарани и од објавениот извештај за работењето на компанијата во четвртиот квартал.

Драматичниот пад на акциите дојде синоќа по завршувањето на официјалното работно време на Вол Стрит, откако Netflix објави дека изгубил 200.000 претплатници во првиот квартал од 2022 година.

Сега има 221,6 милиони корисници ширум светот.

Слични содржини