Акциите на руските сили во Запорожје ја загрозуваат безбедноста на нуклеарната централа?

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Акциите на руските сили во нуклеарната централа Запорожје најверојатно ја загрозиле безбедноста на нормалното функционирање на нуклеарната централа, соопшти денеска британското министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“.

„Руските сили веројатно ја искористија пошироката област на објектот, особено соседниот град Енергодар, за да ги одморат своите сили, користејќи го заштитениот статус на нуклеарната централа за да го намалат ризикот за нивната опрема и луѓе од украинските напади“, наведе Министерството во ажурираниот разузнавачки извештај на Твитер, пренесе „Ројтерс“.

Од Лондон додаваат дека „намерите на Русија во однос на електраната остануваат нејасни и пет месеци по окупацијата на Украина“.

„Руските сили најверојатно оперираат во регионите во близина на електраната, користејќи артилерија за да ја таргетираат украинската територија на западниот брег на реката Днепар“, додаваат Британците.

Слични содржини