Акциите на „Тесла“ со голем раст по податоците за рекордните испораки

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Акциите на „Тесла“ денеска пораснаа за околу 7,5 проценти во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза, објави Ројтерс.

Ова се случи откако водечкиот светски производител на автомобили пријави рекордни испораки во првиот квартал на 2021 година.

Цената на акцијата на „Тесла“ скокна на 714 долари пред ѕвончето да го најави почетокот на тргувањето со Волстрит, а пораст на вредноста забележаа и други производители на електрични возила, вклучително кинески „НИО“ и американската „Воркхаус група“ до 4,0 проценти.

„Тесла“ објавија дека испорачале 184.800 возила ширум светот во текот на првиот квартал на 2021 година, додека аналитичарите од агенцијата „Рефинитив“, која собира деловни и финансиски податоци, предвидуваа дека во тој период ќе испорачаат 177.822 возила.

Слични содржини