Акција на МВР на Бит Пазар: Запленети околу 2000 парчиња пиротехнички средства

од Берта Китинска
232 прегледи

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и плициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства  на подрачје на град Скопје.

Притоа, на Бит Пазар биле пронајдени и одземени 1828 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини