Акција за чистење на атмосферската канализација

од Берта Китинска
316 прегледи

Екипи на сектор Канализација, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје.

-Акцијата се спроведува како дел од редовните работни активности и во согласност со најавените врнежи од дожд во текот на периодот кој следува, со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.Врз основа на планираните активности, акцијата продолжува и во текот на утрешниот ден, соопштија од Водовод.

Слични содржини