212
На 20.09.2022 во временскиот период од 10.00 до 13.00 часот од страна на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола во содејство со инспектори од Министерството за животна средина и Државниот пазарен инспекторат Битола беше извршена контрола во 4 правни субјекти и 5 складови на физички лица кои не се регистрирани за вршење дејност -откуп на секундарни суровини-отпад.
При проверка во складовите на физичките лица М. В. (32)и Ф.М. (44) од Битола констатирани се низа нерегуларности: непоседување дозвола за вршење на дејност, немање законски неопходна документација, неводење на книговодствена евиденција за откуп и продажба на отпад и др.
По документирање на случајот против лицата ќе следува кривична пријава